ФУДБАЛ

Модриќ на излезна врата, еве кој би можел да биде новата десетка на Реал Мадрид

Иако Лука Модриќ освои сè што може да се освои со гигантот од Шпанија и стана една од легендите на Реал, тоа не беше доволно за претседателот на клубот да размислува за негов нов договор. Покрај фактот дека Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, Реал очигледно подготвува експресно заминување за Модриќ, кој очигледно се надеваше дека нема да дојде до тоа. Шпанците веќе ја подготвија „десетката“ за ново засилување, бидејќи играчот за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е пред вратата на клубот.