Карим Бензема замина во Саудиска Арабија за огромни пари, но Реал Мадрид може да биде мирен кога е Лука Модриќ во прашање.
Како што тврди познатиот новинар Џанлука ди Марсио, хрватскиот велемајстор ја одбил астрономската понуда од Саудиска Арабија само поради една причина – затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал.
Ди Марсио наведува дека на адреса на Модриќ пристигнала понуда од Ал Хилал и дека таа изнесувала 200 милиони евра за три сезони.
Договорот на Модриќ со клубот од Мадрид истекува во последните денови од јуни, но речиси и да нема сомнеж дека ќе го продолжи на уште 12 месеци.
Се очекува тоа да го направи веднаш по финалето на Лигата на нации меѓу Хрватска и Шпанија во недела.
Легендарниот играч за врска е во Реал од 2012 година и има освоено над 20 трофеи – вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите.
