Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ изјави дека по победата над Канада „полесно дише“.
Хрватска синоќа ја победи Канада со 4:1, во натпреварот од второто коло од групата Ф на Светското првенство.
„Добро беше, беше одлично. Во првите 15-20 минути не влеговме најдобро во игра, потоа покажавме квалитет и карактер. Направивме се што се договоривме, се што направивме деновиве на тренинзите, префрливме на на теренот“, рече Модриќ.
„Тоа беше добра игра и резултат“, додаде Модриќ.
По две кола, Хрватска води во групата Ф со четири бода, исто колку и Мароко, Белгија има три, а Канада нема бодови. Во последното коло Хрватска на 1 декември ќе се соочи со Белгија и ќе биде директна пресметка за пласман во осминафиналето.
„Знаеме каков тим е Белгија, тие се мачат на ова првенство, но ни претстои тежок натпревар. Треба добро да се одмориме и да се подготвиме како за Канада“, изјави Модриќ.
Хрватска исто така добива бод во осминафиналето, додека Белгија мора да победи за да биде сигурна.