Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ најави реванш осминафинале во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.
Реал беше поразен со 1-0 во првиот меч во Париз, но во среда навечер пред своите гледачи ќе се обиде да обезбеди пласман во четвртфиналето.
„Мораме да излеземе на теренот со голема енергија и карактер“, им рече Модриќ на новинарите и додаде:
„Ние кои ќе бидеме на теренот мора да дадеме се од себе за да одиграме одличен натпревар и да продолжиме понатаму.“
На Реал Мадрид му недостасува Касемиро во реваншот поради суспензијата, но Модриќ смета дека некои други играчи ќе придонесат отсуството на Бразилецот да не се почувствува претерано во играта и во конечниот резултат.
„Отсуството на Касемиро е голема штета бидејќи знаеме колку е важен за нас и што значи за нашата игра, но имаме и други играчи за кои сум убеден дека ќе играат добро како Федерико Валверде и Едуардо Камавинга. Ќе видиме дали Тони Крос ќе биде со нас се надевам дека ќе може да игра. Морам да дадам се од себе како и секогаш, сега сите треба да дадеме уште повеќе од себе за да го надоместиме отсуството на Касемиро“, истакнува Модриќ (36).
Тој на прес-конференцијата го допре сопствениот договор на инсистирање на присутните новинари, но истакнува дека тоа сега не му е приоритет и дека утрешниот најважен меч е со ПСЖ.
Го прашале и за воената состојба во Украина, а тој додал дека сам ја преживеал војната и дека не сака да гледа такви сцени и се надева дека сето тоа ќе заврши што поскоро.