ФУДБАЛ

Модриќ прифати затворска казна од осум месеци

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше цел на истрага од страна на шпанската полиција за затајување данок во изминатите месеци и по докажувањето дека не прави сé според законот, тој одлучи брзо да се реши.

Шпанските медиуми објавија денеска дека фудбалерот на Реал Мадрид одлучи да ја прифати казната од осум месеци затвор, а истата казна ќе ја одлежи условно без да отиде зад решетки. Во ова истражување Модриќ призна затајување на данок од околу 900.000 евра, но целата процедура го чинеше 1,4 милиони.

Модриќ првин плати 40 проценти од износот откако го призна делото, а потоа плаќал за секој ден во затвор, која е во вредност од 250 евра. Што е околу 408.000 евра, но веќе плати еден милион евра порано, кога овој процес започна.

Сепак, ова не е крај на проблемот со Модриќ, бидејќи против него се води уште еден случај на затајување данок во Шпанија. Судот изјави дека повеќе информации за овој случај ќе бидат познати подоцна. На Модриќ навистина не му оди на ова поле, бидејќи тој исто така, покрај тоа што е обвинет во Шпанија за затајување данок, во Хрватска е обвинет за лажно сведочење за Здравко Мамиќ.