Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ се опорави од коронавирусот.
Имено, Модриќ веќе нема симптоми на коронавирус, па последниот тест покажа дека е негативен.
Ова му беше втор тест, а се верува дека сега закрепнал од болеста.
Модриќ и оваа сезона игра одлично иако има 36 години.
Симптомите на настинка ги почувствувал на 14 декември, а потоа бил позитивен.
Беше во куќна изолација, а според правилата требаше да биде десет дена во изолација.
Тој ги пропушти средбите на Реал со Кадиз и Атлетик Билбао.
Реал моментално е на 46 бодови со натпревари повеќе од Севиља која има 38 бодови, додека на третото место сезонава е одличниот Бетис со 33 бода