„Кралевите“ попладнево ја објавија експедицијата која ќе летне за Талин каде во среда Реал Мадрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната. Хулен Лопетеги за Суперкупот на Европа и дуелот со Атлетико Мадрид го повика и Лука Модриќ, кој изминатите неколку недели силно се поврзува со трансфер во Интер, пишува 24фудбал. 
Репрезентативецот на „Коцкестите“ се има договорено со „Нероаѕурите“ но проблем е тоа што Реал Мадрид, или поточно Флорентино Перез не сака да слушне за продажба.
Се верува дека Лука Модриќ и првиот човек на „Кралевите“ имале џентлменски договор, но откако ова лето Сантијаго Бернабеу го напуштија Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, Флорентино Перез не помислува да се раздели со фудбалерот од средниот ред.
📝 This is our 29-man squad for the UEFA Super Cup! #RMSuperCup pic.twitter.com/0LhOTXxdYs
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) August 13, 2018
Медиумите од Италија велат дека агентите на Лука Модриќ ќе останат во Мадрид и до последен миг ќе се обедат да издејствуваат трансфер, но се чини дека Хрватот е се подалеку од Интер ако во предвид се земе дека трансфер пазарот во Италија финишира во петок.