ФУДБАЛ

Модриќ се враќа во почетниот состав

Реал Мадрид вечерва пред своите навивачи ќе игра против Атлетик Билбао.

Кралевите веруваат во уште три бода, а според најавата вечерва, Лука Модриќ треба да игра од првата минута.

Модриќ не може да се пофали со премногу минути оваа сезона, а ова ќе биде неговиот деветти натпревар на кој ќе биде стартер.

Тој оствари 12 настапи во ЛаЛига со два погодоци и три асистенции.

Против Барселона има запишано 10 настапи.

Интересно е и тоа што насловот на насловната страница на популарниот весник „АС“ гласи: „Реал ја враќа магијата на Модриќ за Билбао“.