Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на гостински терен го победија Селтик со 3:0.
Со победата во Глазгов, кралскиот клуб ја отвори новата сезона од Лигата на шампионите во која ќе ја брани титулата европски прваци.
Иако Селтик пружи одличен отпор и имаше неколку неверојатни можности во првото полувреме, на крајот Реал Мадрид ја покажа својата сила и во вториот дел од натпреварот го реши прашањето на победникот.
Кралевите поведоа во 56. минута кога Винисиус Јуниор погоди за 1:0 по асистенцијата на Федерико Валверде.
Само четири минути подоцна семафорот гласеше 0:2. Овој пат асистент беше Азар, а одличен гол постигна Лука Модриќ. Конечните 0:3 ги постави Азар во самиот финиш на натпреварот.
По натпреварот во центарот на вниманието беше хрватскиот репрезентативец Модриќ кој одигра уште еден фантастичен натпревар.
Иако веќе има 37 години, сепак игра на неверојатно ниво и покажува што го прави еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.
Каков натпревар одигра Модриќ синоќа на Селтик Парк најдобро се виде во 80. минута од натпреварот кога Карло Анчелоти реши да го извади од игра, а наместо него влезе Асенсио.
Имено, кога Модриќ го напушти теренот, доби големи овации од трибините и овации од навивачите на Селтик кои на таков фантастичен начин го дочекаа Хрватот, што најдобро докажува за каков фудбалер се работи.
https://twitter.com/iskaholic/status/1567294294398050306?
Слично нешто доживеа Модриќ пред неколку недели во Виго кога при напуштањето на теренот доби овации од навивачите на Селта.