Фудбалерот на Милан, Лука Модриќ, го постигна победничкиот гол синоќа на натпреварот против Болоња (1:0) во 3. коло од Серија А.
Luka Modrić scored his first goal for Milan! 🤍🥹 pic.twitter.com/povbbq3n3R
— Seputar Real Madrid (@SeputarMadrid) September 15, 2025
Четириесетгодишниот Хрват стана најстариот играч од средниот ред кој постигнал гол на натпревар од италијанското првенство.
Претходниот рекорд траеше 64 години, поставен од поранешниот играч од средниот ред на Милан, Нилс Линдхолм, во март 1961 година.
Модриќ му се придружи на Милан ова лето, потпишувајќи едногодишен договор.
