ФУДБАЛ

Мохамед Салах е играч на годината во изборот на навивачи

Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар играч за 2021 година во изборот на навивачи. Напаѓачот на Ливерпул минатата година ја доби истата награда.

Играчите за оваа награда се номинирани од фудбалски новинари од Англија, а навивачите преку социјалните мрежи гласаат за најдобрите.

Годинава во гласањето учествуваа околу 140.000 луѓе, а Салах втора година по ред беше избран за најдобар.

Првите десет во изборот на навивачи заедно со Салах според бројот на освоени гласови се:

Деклан Рајс, Бруно Фернандеш, Фил Фоден, Едуард Менди, Мејсон Маунт, Рубен Дијаз, Кевин де Брујн, Џорџино и Жоа Кансело.

Меѓу 20-те беа:

Мајкл Антонио, Хари МекГваер, Нголо Канте, Кристијано Роналдо, Маркус Рашфорд, Трент Александер-Арнолд, Џек Грилиш, Илкај Гундоан, Сон Хјеон-Мин и Јури Тилеманс.