ФУДБАЛ

Мохамед Салах го постигна 100 -от гол во Премиер лигата

Мохамед Салах влезе во историските книги на англискиот фудбал откако го постигна својот 100 -ти гол во Премиер лигата во победата на Ливерпул против Лидс Јунајтед во неделата.

Репрезентативецот на Египет, кој постојано пишува историја со Ливерпул, означи уште едно големо достигнување во кариерата со својот гол против Лидс.

Со овој рекорд, тој им се придружува на некои од најголемите легенди во Премиер лигата.

Египетскиот напаѓач е само 30. играч кој постигнал 100 голови во Премиер лигата. Само четворица играчи успеаја да постигнат толку многу голови во помалку настапи од Салах.

По натпреварот, кој Ливерпул го доби со 3:0, тренерот Јирген Клоп за Скај Спорт изјави: „Рекордот на Мо е луд“.

„Тој се уште е гладен и не знам уште колку рекорди ќе сруши“, додаде тој.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига