ФУДБАЛ

Моизе Кин се враќа во Серија А?

Моизе Кин би можел да се врати на Апенините по половина година.

Талентираниот напаѓач се пресели од Јувентус во Евертон ова лето, но сè уште нема постигнато гол на островот.

За негово доаѓање размислуваат во Болоња, поточно го гледаат како план Б во случај да не успеат да го доведат Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, исто така, во последниве денови најави враќање на Апенините, но многу поверојатно е да потпише за Милан.

Поради оваа причина, не треба да изненадува зошто Болоња размислува за Кин, кој својот прв гол во неговата сениорска кариера го постигна со овој тим.

Фудбалерот со потекло од Англија досега собра 13 настапи во Англија, а останува да се види дали доаѓањето на новиот тренер ќе го промени неговиот статус во Евертон.

ПОВРЗАНО

Серија А