Бразил е еден од главните фаворити на претстојното Светско првенство во Катар.
„Селекао“ е добро исполнет, секако нападот им е главното оружје – тренерот Тите е во „слатка мака“ кога е во прашање изборот на офанзивни играчи. Медиумите од Бразил пренесуваат дека веќе размислуваат што да прават по Тите.
Франциско Новелето, потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил ги „потресе“ медиумите со изјавата дека стапиле во контакт со Пеп Гвардиола за можноста да го преземе најуспешниот тим во светот.
„Контактиравме со Пеп Гвардиола, тој рече дека би прифатил да биде следен селектор на бразилската репрезентација. Неговата плата од 24 милиони евра сепак е надвор од нашиот буџет“, заклучи еден од челниците на бразилската репрезентација.
Во февруари, Тите објави дека ќе се повлече од селекторската функција на Бразил на крајот на Светското првенство. Од друга страна, Гвардиола се уште не го продолжил договорот со „граѓаните“ кој истекува на крајот на јуни следната година. Го гледате ли Пеп на селекторската позиција?