ФУДБАЛ

Моќниот Халанд го понижи Лајпциг на Етихад

Фото: Soccer Football - Champions League - Round of 16 - Second Leg - Manchester City v RB Leipzig - Etihad Stadium, Manchester, Britain - March 14, 2023 Manchester City's Erling Braut Haaland in action with RB Leipzig's Janis Blaswich REUTERS/Molly Darlington - UP1EJ3E1K5MCT

Фудбалерите на Манчестер Сити очекувано се пласираа во следната рунда од Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналето го совладаа РБ Лајпциг.

Натпреварот на стадионот „Етихад“ заврши со резултат 7:0.

Избраниците на Пеп Гвардиола ја оправдаа улогата на фаворити и заслужено се пласираа меѓу најдобрите осум екипи. Сепак, „Граѓаните“ поведоа во 22. минута од дискутабилен пенал. Судијата Славко Винчиќ доби покана од ВАР собата да го следи воздушниот дуел помеѓу Родриго и Бенџамин Хенрих. Се проверуваше дали топката удрила во раката на вториот играч. Видеото остави впечаток дека не е, сепак словенечкиот судија покажа на белата точка.

Норвежанецот Ерлинг Халанд силно и прецизно го изведе пеналот за водство на Сити иако голманот Јанис Бласвих ја погоди страната на ударот.

Само две минути подоцна веќе беше 2:0. Кевин Де Брујн шутираше фантастично , топката се одби од гредата, но Халанд најбрзо стигна до неа и се „поклони“ со глава за уште еден гол во мрежата на гостите и негов јубилеен 30. во 25. натпревар од Лигата на шампионите.

Домаќините продолжија да напаѓаат и по тие два гола имаше прилики и полуприлики се до втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, кога Амаду Хајдара се обиде да ја исфрли одбиената топка од стативата надвор од полето, но не можеше од Халанд, кој го постигна својот трет гол за гигантите – 3:0!

Ова е петти хет-трик за Халанд од почетокот на сезоната во светлосиниот дрес.

Веќе по првото полувреме беше јасно која од овие две селекции ќе се пласира во четвртфиналето.

Но, Сити продолжи во ист ритам и во вторите 45 минути. И продолжи да ја пополнува мрежата на ривали. Прво Гундоган во 49. минута, а потоа повторно фантастичната Халанд, уште два гола за три минути, четвртиот и петтиот гол во 54. и 57. минута.

Неверојатен Норвежанец! Тој беше заменет во 63. минута со громогласен аплауз од трибините на стадионот „Етихад“.

Конечниот резултат го постави Кевин де Брујн во 90+2. минута – 7:0!

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите е закажана за петок, 17 март.