Лионел Меси, Нејмар Јуниор и Килијан Мбапе го сочинуваат најатрактивното напаѓачко трио во светот.
На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое Нејмар го игнорира Мбапе на тренинг за да направи заедничка вежба со Меси.
Не е познато кога е направено видеото, но очигледно тоа беше минатата сезона додека играчите тренираат во опрема за постудени временски услови.
Во еден момент Мбапе ги подаде рацете чекајќи да му се придружи Нејмар, но Бразилецот само гледаше.
Еден од помошните тренери на ПСЖ се вклучи за да му помогне на Французинот, додека Нејмар чекаше Меси да ја одработи вежбата.
Јавна тајна е дека соблекувалната на ПСЖ е поделена на неколку кланови и дека Мбапе не е во најдобар однос со играчите од Јужна Америка.
Did Neymar ignore Mbappe for Messi? 😅pic.twitter.com/l2JQBQ6Ywe
— Gloria (@GloriaFootball) July 13, 2022
Можеби овој детаљ од тренинзите е вистински показател за студениот однос меѓу ѕвездите на францускиот клуб и дека заедничкото прославување на натпреварите се само претстава за јавноста.
Откако потпиша нов договор, многу се шпекулираше дека Мбапе побарал од челниците на тимот да се ослободат од Нејмар.
Последните извештаи велат дека и бразилскиот фудбалер се согласил да го напушти Паркот на принцовите, но проблемот е што ПСЖ не може да најде купувач кој би ги исполнил условите на Нејмар.