Фудбалерите на Милан во моментов играат на гостински терен против Наполи во мечот од осмото коло во Серија А.
Милан успеа да поведе со 2:0 во Неапол кога Златан Ибрахимовиќ постигна одлични погодоци во 20. и 55. минута.
Но домашниот тим успеа да се врати во 63.минута, а голот за 1:2 го постигна Мертенс. Сепак, навивачите на Милан останаа во шок во 79-та минута кога Ибрахимовиќ побара замена.
Швеѓанецот се пожали на повредата на задната ложа и не можеше да го продолжи мечот, а навивачите на Милан се надеваат дека не станува збор за сериозна повреда и дека Златан нема да мора да паузира подолго.
https://twitter.com/wilnoticias/status/1330625123049680908