ФУДБАЛ

Момчето е опседнато со фудбал: Погледнете ја неверојатната реакција на Кристијано Јуниор на головите на неговиот татко (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо синоќа со два гола го предводеше Јувентус до победата над Интер во Купот на Италија (2:1).

Португалецот уште еднаш покажа дека е навистина неверојатен и покрај доцните години на играње и со една нога го однесе својот тим во финалето.

Неговиот наследник Кристијано Јуниор внимателно ги следи натпреварите што ги игра неговиот татко. Девојката на португалската sвезда ги сними реакциите на Кристијано Јуниор кога неговиот татко постигна голови и тие се навистина неверојатни.

https://twitter.com/VanessaAB13/status/1356705615373025291

Очигледно, синот на sвездата на Јувентус исто така е многу луд по фудбалот, и нема сомнение дека ваквите сцени ќе го израдуваат неговиот татко.

Кристијано Јуниор е член на младинските екипи на Јувентус и таму е незапирлив.