ФУДБАЛ

Момчето кое ги собираше топките намерно го удри играчот на Рома (ВИДЕО)

Рома вечерва го победи Ајакс со 2:1 на гостувањето во првиот натпревар од четвртфиналето на Европската лига.

Волчицата успеа да победи по одличниот пресврт во второто полувреме, а головите ги постигнаа Пелегрини и Ибанез.

Но, интересен детал се случи непосредно пред крајот на натпреварот.

Во центарот на вниманието беше Калфиори кој сакаше да извади аут, а момчето кое ги береше топките намерно го удри играчот на Рома.

Момчето прво му фрли топка што Калфори ја врати назад, а потоа реши да се одмазди затоа што на тој начин крадеше од времето.