ФУДБАЛ

Момент кој се чека со месеци: Пристигна Килијан Мбапе!

На денот кога ќе биде комплетиран трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, би можело да се заврши уште една работа за која се зборува со месеци.

Килијан Мбапе е фудбалер за кој секојдневно се зборува, односно за неговиот трансфер во Реал Мадрид или за останување во ПСЖ.

Минатата недела се случуваше многу. Le Parisien објави дека е договорено да остане во Париз, но мајката на играчот брзо демантираше.

 

Тогаш беше најавено дека клучните преговори околу потписот за Реал ќе се водат оваа недела. И се чини дека тоа штотуку почна да се случува денес.

Шпанските медиуми ја пренесоа шокантната вест дека Мбапе пристигнал во Мадрид. Практично сите го протолкуваа ова како знак дека е време за финални преговори со кралевите.

 

Мбапе ручал во еден од мадридските ресторани заедно со Ашраф Хакими, најдобриот пријател од соблекувалната на парискиот клуб и играч кој одлично го познава Мадрид, бидејќи претходно тоа бил план на кралевите.

Наводно, по ручекот Мбапе ќе оди на состанок со Флорентино Перез. Сè укажува дека фудбалскиот свет доби нов Галактикос …

 

За потсетување, договорот на француската суперѕвезда со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и тој како слободен играч ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.