ФУДБАЛ

Момент на инспирација на Мбапе: Ја прими топката на 40 метри, едвај остана на теренот, а потоа следуваше магија (ВИДЕО)

Франција реши последниот натпревар да го одигра максимално коректно.

Актуелните светски шампиони славеше со 2:0 на гостувањето кај Финска.

Откако водечкиот гол за гостите го постигна Бензема во 66. минута, 15 минути подоцна Мбапе покажа зошто е еден од најдобрите играчи во светот.

Ѕвездата на ПСЖ ја прими топката на околу 40 метри од голот, противникот за малку ќе го истуркаше од теренот, но тој успеа да го добие дуелот и да постигне одличен гол од тешка позиција.

https://streamable.com/rlesot

Со овој резултат Финска практично се прости од Мундијалот бидејќи Украина со 0:2 ја совлада Босна и Херцеговина.