По завршувањето на сезоната во Франција, Монако ќе доживее невидена ситуација во последните неколку години во фудбалот.
Во првиот тим Монако ќе има повеќе од 60 играчи, а со оглед на новото правило на ФИФА, клубот ќе мора да продаде најмногу 30 играчи за време на летниот преоден рок.
Вадм Василиев, претседателот на Монако, се надева дека ќе добие приход од околу 50 милиони евра од продажбата на играчите.
Меѓу оние кои би можеле да одат за нешто поскромни парични средства се Фоде Бало-Туре, Беноит Бадијашил, Јусуф Фофана или поранешниот играч на Севилја, Бен Идер, кои би можеле да заминат ако дојде добра понуда.
Други, како Грандзир, Сидибе, Чадли, Оникиру, Пеле, Барека или Бенасер, кои се враќаат од заем, се на излезната врата на тимот.
Едно е сигурно, многу великани ќе се обидат да ја искористат оваа можност и тешката состојба во Монако, затоа што факт е дека тимот од Кнежеството има исклучително квалитетни млади играчи во последните години.