ФУДБАЛ

Мончи не застанува: Рома веќе договори големо засилување за јануари?

Спортскиот директор на Рома, Мончи очигледно веќе работи на засилувањата што овој клуб ќе се обиде да ги донесе во трансфер периодот во јануари.

Волчицата беше многу активна ова лето на пазарот, но во првите натпревари од новата сезона им стана јасно дека на новите играчи им треба време да се адаптираат. Сепак, Мончи рече дека ништо не може да се постигне преку ноќ и дека Ромите имаат планови за во иднина, со тоа што ќе донесат млади играчи.

Според италијанските медиуми, Рома веќе преговара за можни засилувања за јануари, наводно, прва желба за нив е играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Очигледно, Мончи веќе контактирал со лидерите на Кралскиот клуб јасно им кажал дека сака да го купи Лукас.

Во корист на Рома оди фактот дека овој фудбалер нема иста минутажа како со Зинедин Зидан и дека Јулен Лопетеги не смета на неговите услуги. Очигледно Рома сакаат да го искористат тоа и најверојатно веќе имаат усно постигнато договор со Реал за продажбата на Лукас.