Фудбалерите на Монако дефинитивно киксираат во борбата за Лигата на шампионите. Монпеље денеска ги декласираше со 4:0 на свој терен во 33. коло од француската Лига 1, па сега Монако е четврти на табелата со 61 бод, што е шест помалку од Ленс и пет помалку од Марсеј, плус има и меч повеќе од овие тимови.
Монпеље е на безгрижното 12. место со 43 бода и така опуштено денеска го победи до коска својот ривал на кој му беа неопходни три бода.
Нордин ги доведе гостите во водство во 28. минута, а вистинската канонада следеше во вториот дел.
Муса ја удвои предноста во 65. минута, а потоа Нордин во 72. и Мавидиди во 79. минута погодија за очајниот Монако.
