Нант со Монпелје денеска го играат натпреварот за титулата шампион на европа.
Двата тима се дебитанти во Ф4 завршниот турнир од Лгата на шампионите, интересно прво полувреме во кое и двете екипи покажаа добра игра. Монпелје го отвори резултатот, но Нант брзо го презеде водството, а во 6. минута за прв пат стигна до +2 (4:2).
Нашиот репрезентативец, Кирил Лазаров, влезе во игра во 8. минута кога беше досуден седмерец за Нант, тоа беше и првиот гол за Лазатов.
За Нант се беше под контрола до 12. минута, пота од 12. минута Монпелје го презеде водството и до полувреме успеа да стигне до +3 (13:16).
Нашиот репрезентативец во првото полувреме постигна три гола, еден од пенал во 8. минута и два од игра во 19. и 23. минута, а во 27. минута промаши пенал.