Легендарната италијанска патека „Монца“ би можела да добие нов изглед пред својата стогодишнина која ќе биде одбележана во 2022 година, пренесува „Газета дело Спорт“.

Италијанската авто – мото федерација планира радикални промени, кои вклучуваат укинување на една шикана и редизајнирање на свиокот „Лезмо“, за кои ќе се инвестираат сто милиони евра.
Првиот човек на Федерацијата, Анџело Стики Дамјани, откри дека според новите планови и конфигурацијата оваа патека ќе биде многу побрза за болидите, иако според сите параметри важи за една од најбрзите патеки во календарот на Формула 1.