Поради коронавирусот, одложувањето на минатата сезона, распоредот на мечеви се згусна, поради тоа фудбалерите, особено оние чии клубови играат домашни првенства и европски купови, имаат малку денови за одмор. Во Шпанија ќе се игра предновогодишно коло кое ќе започне на 29-ти декември, а ќе заврши на 31 декември. Веќе на 2.јануари продолжува првенството, како во Шпанија така и во сите лиги.
Во предновогодишното коло Барселона игра против Еибар. Но, на теренот ќе го нема Лионел Меси. Единствено тој доби специјална дозвола за ден повеќе одмор/ Тој отпатувал во Аргентина, а од клубот ценат дека е подобро да остане таму уште некој ден и да се врати за првиот меч од новата година кој е на програматана 3-ти јануари против Хуеска.
Останатите фудбалери се на тренинг и ги прават потребните ПЦР тестови за предновогодишното коло.