Со победата над Интер во заостанатиот натпревар од 26. коло од Серија А, Јувентус се врати на врвот на пласманот и со тоа го зазема првото место пред Лацио.
После тоа, фудбалот во Италија беше стопиран до 3 април, при што контроверзниот Марио Балотели ја претстави својата теорија дека треба прво да го вратат Јувентус на врвот.
Напаѓачот на Бреша го кажа ова во интервју за италијанскиот инфлуенсер, Дамјан Коцио, на социјалната мрежа Инстаграм. Коциое инаку обожавател на Лацио.
„Лацио е премногу силен. Тие мораа да го вратат Јувентус на врвот, а потоа да го прекинат шампионатот“, иронично изјави популарниот Супер Марио.
Фудбалот во Италија е стопиран поради епидемија на коронавирус. Неодамнешните информации говорат дека скоро 13.000 биле заразени. Во последните 24 часа загинаа 189 лица.