ФУДБАЛ

Мората бара враќање во Јувентус

Додека Луис Суарез е близу до преселба во Јувентус, нему може да му се придружи Алваро Мората.

Суарез е во напредна фаза на преговори со Барселона да го раскине договорот со билатерален договор, но тој едноставно може да биде продаден за сума од околу 1,5 милиони евра, колку и Иван Ракитиќ кој замина во Севилја.

Можеби не е единствениот што ќе дојде во Јуве од Ла Лига затоа што „Кориере дело Спорт“ пишуваат дека Мората може да се врати во Торино.

Шпанецот полни 28 години следниот месец и помина две години во Јувентус од 2014-16 година, каде Реал Мадрид плати 10 милиони евра за да го врати од позајмицата.

Оттогаш Мората е продаден за многу пари на Челзи, а потоа и на Атлетико Мадрид, но „Кориере дело Спорт“ пишува дека тој не е задоволен од минутажата што ја игра и сака да се врати во Италија.

Има и лични причини, сопругата е Италијанка.

Сепак, „Кориере дело Спорт“ пишува дека Атлетико Мадрид не брза да го отстрани Мората, особено без да ги врати инвестициите од 60 милиони евра во него.

ПОВРЗАНО

Ла Лига