Алваро Мората во моментов игра за Атлетико Мадрид и пред тоа беше член на Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.
Со оглед на тоа дека ја има одиграно целата своја кариера досега во врвни клубови, тој играше скоро против сите најдобри дефанзивци во светот.
Додека разговараше со тенисерот Фабио Фоњини на Инстаграм, тој го избра најдобриот. Тој го постави поранешниот соиграч на Бјанконер Џорџо Киелини на прво место.
“Првиот е сигурно Киелини. Не знам дали тој го прави намерно или не, но секој пат кога ќе се сретнеме ме уништува”, рече шпанскиот напаѓач, продолжувајќи:
“Можете да разговарате со Леонардо Бонучи во центарот. Серхио Рамос е исто така тежок дефанзивец, додека кога одите кон Вирџил Ван Дајк, тоа е како да се соочувате со планина”.
Киелини и Мората ја делеа соблекувалната на Јувентус од 2014 до 2016 година. Оттогаш, тие се сретнале неколку пати кога Марота го носеше дресот на мадридските ривали Реал и Атлетико.