Алваро Мората е на прагот да потпише за Барселона.
Според весникот АС, Мората е 95 отсто нов играч на каталонскиот клуб.
Мората во моментов е позајмен играч на Јувентус во Атлетико, а зимава треба да отпатува во Барселона.
Мората веќе се согласи да дојде на „Камп Ноу“, Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде, но Јувентус не е премногу ентузијаст за оваа идеја бидејќи неочекувано би останал без напаѓач.
Искусниот 29-годишен фудбалер е дете на Реал Мадрид, но никогаш не доби вистинска шанса да заигра меѓу Кралевите.
Во претходните години Мората преку Реал одеше во Јувентус и Челзи, а потоа во Атлетико Мадрид.