Напаѓачот на Шпанија, Алваро Мората, зборуваше за тоа колку му било тешко кога играл за Челзи.
Одличниот напаѓач мина година и пол во Лондон, но не ги оправда 56 милиони евра што Челзи ги издвои, па во јануари оваа година одлучи да се врати во Шпанија.
27-годишниот играч потпиша за Атлетико Мадрид каде повторно обезбедува многу добри игри, а денес се сеќава колку навистина беше тешко на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
„Среќен сум во Атлетико, не можам да престанам да уживам во фудбалот и сега сум среќен“, рече Мората за „Cope.es“ и продолжи:
„Луѓето кои работеа во Челзи и моите соиграчи веруваа во мене, но јас не. Во Англија, секогаш кога ќе пропуштив шанса, се чувствував како моите соиграчи да ме гледаат поинаку и мислат дека не правам ништо добро. Мене тоа ме полудуваше. Тоа е лош период. Јас никогаш не сум се соочил со толку ограничена ситуација. Јас и реков на сопругата дека во јануари ќе одиме што е можно подалеку, бидејќи не можев да се справам со притисокот “.
„Атлетико се појави, иако имав уште шест големи понуди. Челзи сакаше да останам, но решив да го направам тоа што го сакав претходното лето“, вели Мората.
Тој одигра 13 натпревари и постигна седум гола во дресот на Атлетико оваа сезона, што му овозможи да се врати во шпанската репрезентација.