Навивачите, поточно „навивачите“ кои отпатуваа од Загреб до Милано направија хаос и испратија неколку срамни слики до светот.
Во средата беше доста тензично пред стадионот „Џузепе Меаца“ кога илјадници хрватски ултраси пристигнаа со најлоши намери за гостувањето во Лигата на шампионите против Милан.
Снимката од ултрасите на Динамо кои пристигнуваат на Сан Сиро со нацистички поздрав беа споделени илјадници пати на социјалните мрежи во последните 24 часа, но имаше и понепријатни сцени кога десетици мажи со стапови удираат на трибина за сендвичи пред стадионот, тероризирајќи работничка.
„Ве молам, застанете“, им викал расплаканиот и исплашен работник на бројните хулигани кои уништувале се што ќе наидат.
https://twitter.com/manxuacm/status/1570339851341336577?
Еден од навивачите на Динамо беше избоден со нож за време на нередите, но за среќа повредите не беа опасни по живот.
Инаку, уапсени се дури 14 членови на навивачката група БББ бидејќи имале ножеви, палки и пиротехнички средства.
Една од снимките откри како Bad Blue Boys ги кренале десните раце и поздравуваат со нацистичкиот поздрав на пат кон стадионот Сан Сиро. Од видеото се гледа дека не се работи за изолирани случаи, бидејќи стотици луѓе ги кревале рацете во воздух.
https://twitter.com/StopAntisemites/status/1570100022942769156
По победата над Челзи, Динамо имаше големи планови во Милано, но беше поразен од шампионот на Италија со 3:1, иако сето тоа беше во сенка на хулиганството и грдите слики кои доаѓаа од градот на модата.
По две кола, Милан е лидер со четири бода, Милан има три, Салцбург два, а Челзи само еден бод, иако англискиот тим беше апсолутен фаворит во оваа група. Следните „Сините“ имаат два меча со Милан, додека „сините“ ќе се борат со Салцбург за едно од првите две места или за пласман во нокаут фазата од Лига Европа.