ФУДБАЛ

Морничаво – Дост изгуби свест и почна да се тресе, играчите направија „штит“! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Најмеген, познатиот напаѓач на гостите Бас Дост падна околу центарот и почна да се тресе, на играчите и на судијата им требаа неколку секунди да ги видат страшните сцени, а медицинските екипи брзо стигнаа на местото каде лежеше овој фудбалер.

Фудбалерите на двата тима направија „штит“, причината е што лекарите имаат простор и смиреност при прва помош, а по неколку минути фудбалерот се освести.

Тој беше изнесен надвор од теренот на носилки на овации од трибините откако ја подигна раката, беше пренесен во болница и сега се чувствува подобро, според информациите на директорот на НЕЦ.

Натпреварот заврши 1:2 во корист на НЕЦ, еден од головите беше дело на Дост.

 

https://twitter.com/ronaldmorgan_/status/1718685933086613731