Манчестер Јунајтед вечерва одигра 0-0 со Вулверхемптон во натпреварот во ФА Купот, па затоа ќе треба да играат уште еден.
Јунајтед играше во изменета постава против Вулверхемптон, но тоа не го менува фактот дека за прв пат од 2015 година, составот на „црвените ѓаволи“ заврши еден натпревар без да шутнат кон голот на ривалот.
Добро е познато дека Јунајтед не е брилијантен оваа сезона и е далеку од она што го сакаат фановите, но да не се реализира ниту еден удар кон голот на противничката екипа е навистина премногу.
Во јануари 2015 година, против Саутемптон во Премиер лигата, за последен пат Јунајтед беше без шут на ривалскиот гол, но тимот на Солскјер успеа да ги надмине и ваквите негативни рекорди.