Ливерпул синоќа доживеа тежок пораз од Наполи.
Беше израмнето 4:1, а никој не се надеваше на овој резултат.
Ливерпул беше целосно ’скршен’, а во страв и самиот Јирген Клоп.
Ова е тешко да се прифати. Наполи играше многу добро, ние не. Два пенали, можам да почнам со нив, но…“, вели Клоп.
Моравме да се браниме, воопшто не бевме во игра. Не бевме компактни, стоевме премногу широко“.
Посочува дека треба да направи голема анализа.
„Сега немам вистински одговор што се случи. Ова е тешко да се прифати, но морам. Изгледа ќе мора повторно да се најдат“.
Признава дека нема да се плаши од отказ.
„Не се плашам од судбината на Тухел. Сопствениците на нашиот клуб се мирни, и очекуваат да ја решам оваа ситуација“, додаде Клоп.
По само пет минути синоќа Наполи имаше водство, мрежата на гостите ја затресе Зиелински од белата точка. Десет минути подоцна нов пенал за италијанскиот тим, но Алисон го одбрани ударот на Осимхен.
До крајот на првото полувреме домашните постигнаа уште два гола преку Ангуиса и Симеоне за малку нереални 3:0.
А продолжението на домашните почна фуриозно бидејќи Зиелински го постигна вториот гол за својата екипа уште на стартот од мечот. Раниот гол за црвените беше дело на Дијаз во 49. минута.