ФУДБАЛ

Може затвор, но не и пари: Јовиќ не дава пари за хуманитарни цели

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ може да заврши во затвор.

Младиот фудбалер ги прекрши правилата против сузбивање на пандемијата на корона во март, па неговиот случај се најде на суд.

Обвинителството во Србија му овозможи на Лука да излезе од сè „чист“. Тие му ја презентираа можноста за одложување на кривичното гонење со опција да плати пет милиони динари (околу 40.000 евра) за хуманитарни цели.

Сепак, тој не го прифати тоа. Тој ја отфрли таквата понуда од српското обвинителство и на тој начин се најде во неволја.

Сега му се заканува затворска казна од шест месеци. Обвинителството веќе нема намера да му нуди спогодби и ќе видиме што ќе се случи во наредниот период.

На Јовиќ не му оди добро откако потпиша за Реал Мадрид. Тој постојано е под големи критики во Шпанија и Србија и очигледно е дека тој не знае како да се справи со таквиот притисок.

Треба да се напомене дека Јовиќ заработува скоро 200.000 евра неделно во Мадрид.