Јувентус минатата недела го загуби финалето на Купот на Италија, а неколку дена подоцна Маурицио Сари откри дека Кристијано Роналдо не сакал да игра централен напаѓач на тој натпревар.
Откако страстите се смирија и Јувентус ја победи Болоња со 0:2, а „Газета дело Спорт“ ги откри деталите за тоа што се случуваше во соблекувалната на Старата дама, откако го загуби трофејот.
Имено, Џанлуиџи Буфон го повика Кристијано Роналдо и имаше разговор лице-в-лице со него. Иако тој нема споредна улога во тимот, на остатокот од тимот не му се допадна фактот дека Роналдо бараше да игра на посебна позиција.
Разговорот со Буфон беше очигледно корисен затоа што легендарниот голман служеше како врска да се смириат и односите со Сари.
Јувентус не поминува во многу убав период, но за среќа, благодарение на јадрото на тимот како Буфон и Џорџо Киелини, Бјанконерите брзо навлегоа во победничкиот ритам.