ФУДБАЛ

„Можеби за Интер е подобро да игра Меси“

Франческо Коко (42), поранешен играч на Милан и Интер, кој исто така играше на позајмица во Барселона, го анализира претстојниот натпревар во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“.

Неговиот поранешен тим, Интер гостува кај Барселона, а постои можност Лионел Меси да го пропушти овој натпревар.

„За да победите на „Камп Ноу“, потребни ви се три работи: личност, интензитет и храброст. Ако излезете таму знаејќи дека ќе изгубите, тогаш се топите и губите. Психолошка материја. Интер треба да даде 110 проценти, не дозволувајќи му на Барса да ја игра својата игра“, рече Коко, додавајќи:

„Недостатокот на Меси секогаш се чувствува на теренот. Постои Барса со и без Меси, но можеби неговото отсуство нема да биде предност за Интер. Можеби е подобро да игра. Интер, знаејќи дека Меси не игра, би можел да се опушти и тоа да го чини на крајот“.

Барса и Интер го играат својот натпревар в среда од 21 часот. Интер играше слабо против Славија Прага во првото коло (1:1), додека Барса во Дортмунд (0:0).