ФУДБАЛ

Можеме да победиме било кој-Аморим по поразот од Арсенал, сега е мета за потсмев (ВИДЕО)

Јунајтед беше поразен од Арсенал со тесен резултат благодарение на голот на Рикардо Калафиори во 13-тата минута, додека новите засилувања како Брајан Мбеум и Матеус Куња не ги оправдаа очекувањата на навивачите на „Црвените ѓаволи“ на почетокот од првенството.

Сепак, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, ги шокираше навивачите по натпреварот давајќи го своето мислење за играта на Јунајтед. Неговите играчи имаа 22 шута  наспроти деветте на Арсенал, а интересно е што едно од најгласните засилувања во летото, Виктор Ѓекереш, не успеа да упати ниту еден шут во натпреварот. Сето ова го наведе Аморим да го прогласи Јунајтед за подобар тим пред да додаде дека неговите играчи „можат да победат во секој натпревар“.

-Денес докажуваме дека можеме да победиме во секој натпревар во Премиер лигата, особено против одличен тим како Арсенал“, изјави воодушевено Аморим.
Оваа негова изјава беше мета на потсмев на социјалните мрежи, а претрпе и бројни критики пред се од фановите на Јунајтед.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига