Белгискиот играч за врска Раџа Наинголан откри дека еднаш ги одбил понудите на Јувентус и Челзи бидејќи не го интересираат пари.
Белгиецот остави белег на Каљари и Рома, а по 16 години минати во Италија минатото лето се врати во татковината.
Откако ја прекина соработката со Интер, тој реши кариерата да ја продолжи во Антверпен.
„Не ме интересираат пари. Да размислував за пари, ќе имав поинаква кариера. По Каљари, јас би отишол во Јувентус, кој ме сакаше уште кога бев во Рома. Или во Челзи. Но, сакав да останам во град во кој се чувствував добро и како играч и како личност“, изјави Наинголан.
Во Серија А одигра 367 натпревари и постигна 48 гола со 35 асистенции.