ФУДБАЛ

Можните состави на Милан и Јувентус: Гатузо спреми неколку изненадувања за Алегри

Фудбалерите на Милан и Јувентус вечерва на „Сан Сиро“ ќе го одиграат големото дерби на 12. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ во Милано доаѓа како голем фаворит, додека Росонерите се надеваат дека можат да направат изненадување и да останат непоразени во натпреварот со актуелниот шампион на Италија. Милан не игра многу добро оваа сезона, но тимот на Гатузо некако добива поени и моментално е на четвртата позиција на Серија А.

Од друга страна, Јувентус на „Сан Сиро“ доаѓа по три поени, но јасно е дека тие се малку потресени по неочекуваниот пораз во Лигата на шампионите во Манчестер Јунајтед. Италијанските медиуми објавија дека екипите за овој натпревар веќе е познати и дека е познато со кој карти вечерва ќе напаѓаат Гатузо и Алегри.

Можен состав на Милан: Донарунума, Калабрија, Запата, Ромањоли, Родригез, Сусо, Кесие, Бакајоко, Чалханоглу, Кастилехо, Игуаин.

Можен состав на Јувентус: Шчезен, Канчело, Бенатија, Киелини, Алекс Сандро, Кедира, Матуиди, Пјаниќ, Дибала, Манџукиќ, Роналдо.

ПОВРЗАНО

Серија А