ФУДБАЛ

Можно е Македонија да има тројца играчи во Ла Лига, Валенсија го сака Елиф Елмас (ФОТО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски е член на Валенсија, а наскоро би можеле да имаме тројца играчи во Ла Лига. Според пишувањата на „Скај“, а ги пренесе новинарот Филип Хинзе, Валенсија го сака Елиф Елмас на шестмесечна позајмица. Имено, како што пишува, првичните контакти помеѓу Валенсија и Лајпциг се остварени, па нема да биде ништо чудно доколку биде постигнат договор па Елмас да стане соиграч на Димитриевски.

Претходно, шпанскиот весник „Ас“ објави дека Енис Барди е во преговори со Ваљадолид.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаЕлиф ЕлмасСтоле ДимитриевскиЕнис Барди