ФУДБАЛ

„Му симнувам капа на Кристијано, но тој не е мајстор, тој е тип на играч на Инзаги или Трезеге.

Кристијано Роналдо никогаш не бил миленик на поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано.

Касано отсекогаш ја прозиваше португалската ѕвезда. Кон него често изговарал остри зборови, а тоа не се сменило ниту денес.

Овој пат Касано во една емисија истакна дека Кристијано е добар фудбалер, но дека не може да биде во иста реченица со фудбалските велемајстори како Зинедин Зидан или Андрес Иниеста.

“Кристијано Роналдо не е меѓу најдобрите во историјата. Па, тој постигна 807 гола, освои трофеи и е навистина добар фудбалер. Му симнувам капа. Сепак, друго е да се игра добар фудбал. Зидан, Иниеста … Не постигнаа ниту половина од нив, тие се вистински генијалци“, истакна Касано и продолжи:

„Тој е повеќе играч како Инзаги или Трезеге. Тие беа одлични, но искрено, фудбалот е нешто друго“, рече Касано како гостин во ТВ-шоуто Бобо на Кристијан Виери.