Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза се повлече од ВТА турнирот во Сиднеј (Австралија), поради стомачен вирус. Таа се надева дека во преостанатото време до почетокот на Австралија опен ќе закрепне и ќе се појави на терените на првиот грен слем сезонава.
Мугуруза во првото коло во Сиднеј ја победи Суарез Наваро, а второто требаше да игра со Холанѓанката Кики Бертенс. Во 1/8 финалето, Бертенс ќе ги одмери силите против победничката од мечот Слоан Стивенс – Јулија Путинцева.