ФУДБАЛ

Мундијалот не почнал, ете проблеми, новинарите не можат да снимаат каде што сакаат, ќе му ја скршеа камерата (ВИДЕО)

До почетокот на Мундијалот во Катар остануваат уште три дена, а се појавија и првите проблеми. Имено, телевизиската екипа на ТВ2 беше опомената дека не може да снима каде и кога сака. Иако новинарот реагираше дека има акредитација со која според правилата може да снима каде сака, сепак од лицата задолжени за редот му беше укажано дека не смее и дека ќе му ја скршат камерата. Вакви нешта секако не се случувале на изминатите Мундијали, но се чини дека правилата во Катар се строги, па ќе мора да се почитуваат.