ФУДБАЛ

Мундо Депортиво: Барселона ќе направи се за да го донесе Миралем Пјаниќ!

Миралем Пјаниќ е голема желба на Барселона.

Во претходните денови, постојано се пишуваше за трансферот на играчот од средниот ред на Јувентус, а наводно Пјаниќ веќе се согласил да потпише четиригодишен договор со каталонскиот гигант.

Јувентус и Барселона разговараа за размена на играчи, но бидејќи не може да се постигне договор поради Бразилецот Артур Мело, кој одбива да ја напушти Барса, преговорите се во застој.

Сепак, Мундо Депортиво тврди дека Барселона ќе направи се за да го донесе Пјаниќ ова лето. Тие наведуваат дека 30-годишниот играчот од средниот ред стана приоритет број еден за Каталонците и дека тие се обидуваат со сите сили да го донесат.

Дури и ако не се постигне договор за размена со Јувентус, Барселона ќе се обиде да најде пари за трансферот со продажба на други играчи и тие едноставно немаат намера да се откажат од ангажирање на ѕвездата на „Старата дама“.

Пјаниќ, наводно, веќе се согласил да дојде во Барселона. Клубот од „Камп Ноу“ исто така го посакува и се што останува е да се постигне конечен договор.

Покрај Барселона, постои интерес и од ПСЖ и Челзи.