„Франс фудбал“ ја објави листата на кандидати за „Златната топка“, но се чини дека двајцата кои ќе бидат во тесна трка се Вирџил Ван Дајк и Лионел Меси. Холанѓанецот со Ливерпул ја освои ЛШ и УЕФА Супер купот, а заврши на второто место во Премиер лигата. Во моментов е најдобар дефанзивец.
Од друга страна, пак, Лионел Меси има шампионска титула со Барса, но за останатото се е историја.
Според „Мундо Депортиво“ главен фаворит е Лионел Меси и тие предвидуваат дека Аргентинецот повторно ќе се закити со ова признание. Досега тој пет пати ја освојуваше „Златната топка“.