Мундо Депортиво: Зидан на прагот на Пари Сен Жермен

Written by

in

Францускиот фудбалски тренер Зинедин Зидан по крајот на сезоната ќе го преземе Пари Сен Жермен, пренесува „Мундо депортиво“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер ќе добие отказ по крајот на сезоната, а на негово место ќе дојде Зидан.

„Има два клуба кои се опции за Зидан. Колку и да е изненадувачки, еден е Реал. Зидан има одлични односи со претседателот на Реал, Флорентино Перез. Друг клуб кој е заинтересиран за Зидан е ПСЖ. Зидан веќе преговараше со ПСЖ минатото лето“, објави Мундо депортиво.

Сепак, поголеми се шансите славниот француски тренер и славниот ас да го преземат ПСЖ отколку тој да се врати во Реал. Се потсетува и дека Зидан очекуваше да стане селектор на Франција по Светското првенство во Катар, но Дидие Дешам го продолжи договорот со националниот сојуз.

 

„Мундо депортиво“ наведува дека евентуалното доаѓање на Зидан во ПСЖ ќе доведе до бројни промени во тимот на францускиот шампион, а негов прв потег би бил трансферот на бразилскиот фудбалер Нејмар во друг клуб.

 

Зидан (50) беше тренер на Реал од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година, а со мадридскиот клуб освои 11 трофеи.