Минатата недела почина кралицата Елизабета Втора, а нејзината смрт предизвика голем број проблеми околу натпреварите во Велика Британија.
Така голем број на натпревари беа одложени, а истото се очекува и следниот викенд кога ќе се одржи нејзиниот погреб.
Муралот насликан во чест на починатата кралица стана вистински хит на интернет, а причината е што не личи премногу на нејзиниот имиџ.
Многумина на социјалните мрежи тврдеа дека насликаната фигура повеќе личи на Сер Алекс Фергусон отколку на кралицата Елизабета Втора.
На сите начини луѓето и оддадоа почит на починатата кралица, а двајца уметници решија да го направат тоа на овој начин.
Тие насликаа голем мурал на монархијата во Западен Лондон. Тие потрошија два дена правејќи го ова уметничко дело.
https://twitter.com/emeckejr/status/1570044043815710720
Станува збор за Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател.
„Ја сакаме кралицата и кога таа умре решивме да и оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си.
Сепак, неговиот мурал беше критикуван на социјалните мрежи, а повеќето луѓе го исмеваа поради неговата работа.
Сигурно овој уметник ќе биде разочаран поради критиките што ги доби, а сето тоа затоа што сакаше да и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.